Достапни линкови

logo-print

Грчка неонацистка во Советот на Европа


Европското антирасистичко движење го оцeни како скандал изборот на грчката неонацистичка пратеничка Елени Заруље во Одборот за рамноправност и борба против дискриминацијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа. Движењето бара пратеничката на „Златна зора“ итно да биде отстранета од Одборот, бидејќи, како што се наведува, тоа е навреда на вредностите на демократијата. Од Советот на Европа изјавија дека никој немал приговор на нејзиното именување и оти таа, како и сите други, ја има потпишано изјавата за придржување кон целите и принципите на Советот на Европа.
XS
SM
MD
LG