Достапни линкови

logo-print

Браими: можно примирје во Сирија


Лахдар Брахими

Лахдар Брахими

Меѓународниот пратеник за Сирија Лахдар Брахими изјави дека наскоро ќе замине за Дамаск за да разговара за воспоставување итно примирје меѓу силите на режимот на претседателот Башар ал Асад и бунтовниците. Примирјето, според него, би можело да стартува за време на претстојниот муслимански празник што почнува на 26 овој месец. Официјален Дамаск претпазливо ја поздрави оваа идеја, наведувајќи дека примирјето треба да биде почитувано и од другата страна. Брахими изјави дека бунтовниците ќе го прекинат огнот ако претходно тоа го направат силите на Асад. Во меѓувреме, во Сирија продолжуваат жестоките битки.
XS
SM
MD
LG