Достапни линкови

logo-print

Во Охрид, Глобален инвестициски самит


Денеска во Охрид официјално почнува Глобалниот инвестициски самит. Над 350 учесници ќе дебатираат за глобалните економско политички перспективи, условите за водење бизнис и инвестициската клима во во Македонија. Собирот ќе го отворат премиерот Никола Груевски, претседателот на Одборот на директори на „Македонија 2025“ Мајк Зафировски и директорот на Самитот Зоран Мартиновски. Мотото на самитот што ќе трае до 21 октомври е: „Нови можности: Преку бизнис дијаспората до зголемена трговија, инвестиции и економски раст“, а целта на организаторот е зајакнување на соработката меѓу домашниот бизнис и дијаспората од целиот свет.
XS
SM
MD
LG