Достапни линкови

logo-print

Вработените во „Охис“ и „Ремонт на пруги “ ќе ги радикализираат протестите


Илустрација

Илустрација

Вработените на „ОХИС“ и на „Ремонт на пруги“ денеска најавија дека ќе ги радикализираат протестите со блокирање на железничката пруга и штрајк со глад. Вработените во „Охис“ најавија дека наскоро ќе почнат со блокирање на сообраќајници и штрајк со глад барајќи владата да преземе мерки. Тие се жалат дека раководството на фирмата секој месец зема плата и си доделува награди за успешно работење додека вработените 14 месеци не земале плати. Железничарите најавија дека од утре ќе ја блокираат железничката пруга Скопје- Белград и дека нема да отстапат од протести додека не се раскина договорот за продажба на фирмата и додека не им се исплатат 19-те заостанати плати.
XS
SM
MD
LG