Достапни линкови

Најмалку 20 луѓе загинаа во Сирија при воздушни напади


Сириските активисти за заштита на човекови права со седиште во Лондон соопштија дека при владини воздушни напади загинаа над 20 луѓе во северниот дел на земјата. Активистите тврдат дека нападите биле извршени во текот на овие два дена врз 4 града меѓу кои и Алепо.
Во меѓувреме меѓународниот специјален претставник во Сирија Лакдар Брахими изјави дека привремен прекин на огнот може да ги зацврсти шансите за изнаоѓање на мировно решение во земјата. Тој ја повтори неговата загриженоста дека доколку работите не се смират постои опасност конфликтот во Сирија да го „запали “ целиот регион.
Kомесарот за човекови права во Обединетите нации Нави Пилај денеска во Женева предупреди дека ситуацијата во Сирија може да предизвика настани слични на оние за време на војната во Босна и ги повика светките сили да се обединат во обидот да се стави крај на крвопролевањето во Сирија.
XS
SM
MD
LG