Достапни линкови

СДСМ: Владата да им помогне на вработените во „Охис“ и „Ремонт на пруги“


СДСМ денеска ја обвини Владата дека продолжува со непродуктивните трошења во време кога вработените од „ОХИС“ и „Ремонт на пруги“ протестираат барајќи исплата на заостанатите плати. Потпретседателот на партијата Гордан Георгиев изјави дека за исплата на нивните заостанати плати не се потребни многу пари, туку само добра волја на Владата. Тој додаде дека непродуктивното трошење на власта продолжува и со издвоените 120 илјади евра годишно за обезбедување на спомениците од проектот Скопје 2014.
XS
SM
MD
LG