Достапни линкови

Односите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ во фокусот на дневниот печат


Али Ахмети на предизборен митинг на ДУИ во 2011 година.

Али Ахмети на предизборен митинг на ДУИ во 2011 година.

Законот за бранители и односите меѓу политичките партии продолжуваат да бидат топ теми за печатените медиуми.

Се чини дека политичките партии и Законот за бранители продолжуваат да бидат топ теми за печатените медиуми. Кој со кого ќе остане, какви се односите меѓу коалиционите партии на власт...
Владината криза ја дели опозицијата - Техничката соработка помеѓу СДСМ и ДПА е на испит поради различните ставови околу етничките прашања.

Премиерот на Македонија, Никола Груевски на промоција на фотомонографија за Порта Македонија.

Премиерот на Македонија, Никола Груевски на промоција на фотомонографија за Порта Македонија.

„Владината криза ја дели опозицијата - Техничката соработка помеѓу СДСМ и ДПА е на испит поради различните ставови околу етничките прашања“ - оди со наслов Утрински, а Дневник дури смета дека „Тачи е на чекор да ја растури дружбата со Црвенковски поради антиалбанските позиции на партијата на Црвенковски“. „По шест години во владината коалиција, ги влечат црвените линии“, пишува исто така Дневник, прашувајќи што е тоа што ги натерало Груевски и Ахмети јавно да проговорат за отежнатата комуникација и дека всушност со тоа им се обраќаат на своите гласачи навестувајќи предвремени парламентарни избори“. Од друга страна, весникот потсетува на изјавата на Ахмети дека не е разговарано за предвремени избори во март и дека тоа не би било добро за државата.
Тачи е на чекор да ја растури дружбата со Црвенковски поради антиалбанските позиции на партијата на Црвенковски.

Ден смета дека „Албанците ја губат довербата во своите партии и дека одзивот на албанското гласачко тело со години наназад континуирано опаѓа“. Утрински насловува: „Кампањата може да почне - ВМРО-ДПМНЕ го одбележа 40-илјадитиот член од Скопје, а врвот на ДУИ се собра на свеченоста по повод откривањето на споменикот на Хасан Приштина“.

Нова Македонија тврди дека „Играта на нерви води кон предвремени избори - Според ВМРО-ДПМНЕ, законот за бранители мора да се донесе, според Ахмети законот е селективен и ДУИ ќе продолжи да го блокира“. Според Дневник, владејачката партија направила маневар за да се донесе Законот за бранителите: „Како контратактика за долгите дискусии и молчењето на Талат Џафери во комисиската расправа, Владата предложи тој да се донесе по кратка постапка“. Утрински ја пренесува најавата на ДУИ дека ќе го блокира неговото донесување со 5 до 10 илјади амандмани.

Нова Македонија оценува дека „Црвенковски се врти кон популизмот - ако се води од идеологијата на левицата, СДСМ треба да поддржи истополни бракови, ако води конзистентна политика, не требаше да го одбие Меморандумот од Атина, бидејќи цело време го обвинува Груевски дека е неконструктивен во разговорите со Грција“.

Случајот со Љубе Бошкоски продолжува да се усложнува: Утрински тврди дека тој ќе биде обвинет за помагање при двојното убиство во Капиштец пред десетина години. А ние ќе сме живееле европски дури во 2040 година! Тоа ќе се случи ако Македонија се врати на стапките на раст од најмалку 5 отсто подолго време, пишува Утрински.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG