Достапни линкови

logo-print

Иванов на средба со Ковер


Претседателот Ѓорге Иванов денеска се сретна со претседателот на унгарскиот Парламентот Ласло Ковер во Скопје. Во соопштението до кабинетот е наведено дека на средбата тие разговарале за евроатлантските интеграции, парламентарната соработка, интересот и можностите за продлабочување на економската соработка.
Во однос на евроинтеграциите, како што е наведено во соопштението, претседателот Иванов изразил надеж дека поддршката од Унгарија ќе биде потврдена и на претстојниот состанок во декември, што е од клучна важност за Македонија.
XS
SM
MD
LG