Достапни линкови

Приватни проблеми на дипломатите на увид на јавноста


Амбасадорот Игор Илиевски на отворањето на улицата Македонска во Прага.

Амбасадорот Игор Илиевски на отворањето на улицата Македонска во Прага.

Надвор од секоја логика на дипломатската практика е однесувањето на македонскиот амбасадор во Чешка, кој свика прес-конференција за да ја алармира јавноста за својот семеен проблем.

Јасен случај на злоупотреба на службената положба и однесување кое е надвор од секоја логика на дипломатската практика е за дипломатите и експертите последниот случај кога нашиот амбасадор во Прага Игор Илиевски свика прес-конференција за да ја алармира јавноста околу својот семеен проблем.
Приватните работи не смеат да се мешаат со службените, не смее да се користи позицијата која се има. Во конкретниот случај, амбасадорот да не беше тоа што е, никој немаше да биде заинтересиран за неговата прес-конференција, но напротив, бидејќи се работи за амбасадор тоа крева интерес во јавноста.

„Приватните работи не смеат да се мешаат со службените, не смее да се користи позицијата која се има. Во конкретниот случај, амбасадорот да не беше тоа што е, никој немаше да биде заинтересиран за неговата прес-конференција, но напротив, бидејќи се работи за амбасадор тоа крева интерес во јавноста. Мислам дека случајот заслужува осуда“, категоричен е поранешниот амбасадор Ристо Никовски.
Прага.

Прага.


Тој вели дека Министерството за надворешни работи треба да има став околу овој случај и треба да го санкционира.

Министерството не се огласи денеска на нашето прашање во врска со случајот, а во веќе кусото коментирање на целиот случај најави дека можеби деновиве ќе кажат нешто повеќе, иако целиот случај го нарекоа приватно прашање на амбасадорот.
Сè уште кај меѓународни силни фактори праќаме дипломати кои пред да заминат таму ги прогласуваат за агресори, кои велат дека ќе ги сменат нивните одлуки, што е смешна работа. Значи тука ништо не е невообичаено, ако праќате неписмени за дипломати.

Илиевски е при крај на својот мандат во Чешка и во декември завршува неговата функција. Ова не е прв случај во кој македонски амбасадори ја ставија намерно или ненамерно својата приватност на увид на јавност. Така амбасадорот во Австралија Перо Стојановски неколкупати во изминативе две години ја забавуваше јавноста со своите љубовни скандали, а поранешниот амбасадор во Швајцарија Алајдин Демири возејќи во пијана состојба се доведе до барање од швајцарските власти до македонските, да го повлечат својот дипломатски претставник.

Сите овие настани претставуваат прекршување на дипломатските правила на игра пропишани со виенската конвенција и со дипломатскиот кодекс, вели професор Мерсел Биљали. Немаме дипломати од кариера и со искуство па често пати работите ни излегуваат од контрола, додава Биљали.

„Сè уште кај меѓународни силни фактори праќаме дипломати кои пред да заминат таму ги прогласуваат за агресори, кои велат дека ќе ги сменат нивните одлуки, што е смешна работа. Значи тука ништо не е невообичаено, ако праќате неписмени за дипломати.“

На прес-конференцијата во Прага, Илиевски најслободно најави дека ја свикува како татко, а не како дипломат, отварајќи во државата каде што не претставува старателска битка со својата сопруга околу двопиполмесечниот син.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG