Достапни линкови

Во Скопје конференција за заштита на малцинските права на Балканот


Ралф Брет

Ралф Брет

Напорите и предизвиците при спроведувањето и заштитата на малцинските права на Балканот се во фокусот на денешната регионална конференција на тема „Имплементација на правата на заедниците на Балканот - трендови, предизвици и перспективи“ што се одржува во Скопје.
Конференцијата е организирана од Агенцијата за остварување на правата на заедниците, со поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
Убедени сме дека во мултиетничко општество како што е ова, целосното спроведување на малцинските права е предуслов за градење добри односи, порача шефот на Мисијата на ОБСЕ Ралф Брет.
Извештаите и заклучоците кои ќе произлезат од конференцијата ќе послужат како насока за идните активности насочени кон зајакнување на регионалната соработка во областа на малцинските права.
XS
SM
MD
LG