Достапни линкови

logo-print

Во Истанбул конференција „Од балканските војни до балканскиот мир“


Истамбул

Истамбул

Денеска во Истамбул започнува конференција на тема „Од Балканските војни до балканскиот мир“, а на неа учествуваат министрите за надворешни работи на Турција, Македонија, Албанија, Србија и Босна и Херцеговина.
Форумот е посветен на стогодишнината од Балканските војни и ќе се одржи под раководство на турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу.
Покана била упатена и до бугарскиот министер за надворешни работи Николај Младенов, но тој нема да учествува на конференцијата.
Денешната меѓународна конференција е заклучната од серијата иницијативи со кои Турција ја одбележува стогодишнината од Балканските војни. На тие иницијативи и манифестации учествуваа научници и аналитичари од сите балкански земји.
XS
SM
MD
LG