Достапни линкови

Почеток на проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси


Министерот за економија Ваљон Сарачини денеска ќе го отвори Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси, кој официјално ќе биде промовиран во Полошкиот регион.
На промоцијата ќе присуствуваат градоначалници од Полошкиот регион, претставници од канцелариите за локален економски развој, клучните партнери на проектот - Центарот за развој на Полошкиот плански регион, Стопанската комора на Северозападна Македонија, Германска агенција за меѓународна соработка, како и претставниците од приватниот сектор.
На настанот ќе говорат директорот на Мисијата на УСАИД Роберт Вурц, директорот на Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси Карл Ларкинс, градоначалникот на Теарце, Исен Асани.
XS
SM
MD
LG