Достапни линкови

Новинарите во Тунис на протест против владата


Туниските новинари денеска излегоа на протест обвинувајќи ја новата исламистичка влада за ограничување на слободата на говорот. Тие тврдат дека по соборувањето на долгогодишниот владетел Бен Али, новата влада се обидува да наметне нов систем на контрола. Во соопштението од Унијата на Новинари е наведено дека се одлучиле на ваков потег – генерален штрајк, откако ги исцрпиле сите механизни за дијалог со владата.
Владата ги негираше тврдењата на новинарите.
Дел од медиумите во знак на протест престанаа да емитуваат програма додека останатите ја скратија информативната програма.
XS
SM
MD
LG