Достапни линкови

logo-print

Повредени полицајци при синоќешните инциденти


Серија инциденти, насилство и хулиганско однесување евидентирала македонската полиција синоќа по натпреварот меѓу македонската и српската репрезентација.
При инцидентите имало и повредени кои се примени на лекување во градската болница.
По завршвањето на натпреварот на Бит Пазар дошло до поголем судир на навивачи при што се повредени четворица полицајци а оштетени се и неколку дуќани и кафулиња.
Претходно биле евидентирани најмалку 6 инциденти при кои најмалку 15 луѓе биле повредени. Полицијата соопшти дека се приведени неколку учесниците во тепачката.
XS
SM
MD
LG