Достапни линкови

Србија ги негира англиските тврдења за расистички скандирања во Крушевац


Српската фудбалска федерација денеска ги негираше тврдењата за расистички скандирања од страна на српските фанови против англските натпреварувачи на фудбалскиот натпревар на младинците ( до 21 година) во Србија во вторникот. Англиската фудбалска федерација ја пријави Србија во УЕФА за „бројни инциденти поврзани со расизам“ , односно за довикувањата на српските фанови за црните играчи во англиската репрезенатција. Натпреварот заврши со победа на Англија со 2 спрема 0. По натпреварот избиле нереди при што српските навивачи фрлале предмети кон англиските репрезентативци.
XS
SM
MD
LG