Достапни линкови

Препукување на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за високата цена на струјата


СДСМ денеска обвини дека зголемувањето на цената на струјата во изминатите шест години е резултат на недостатокот на инвестиции во енергетиката. Опозицијата тврди дека непродуктивните трошоци како на пример тоа што МЕПСО донира повеќе од 2,5 милиони евра во изградба на сноуборд патеки, ЕЛЕМ спроведува милионски непотребни рекламни кампањи и нарачува уште поскапи барокни фасади за своите административни згради се дел од непродуктивните трошоци кои стануваат основ за повторно покачување на цената на струјата.
ВМРО-ДПМНЕ тврди дека инвестиции во енергетиката има доволно и тие не запираат дури и во период на глобална економска криза. Во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ е наведено дека повисоката цена на струја е резултат на продажбата на ЕСМ и преносот на државниот монопол во рацете на приватен сопственик што било направено во времето на СДСМ.
XS
SM
MD
LG