Достапни линкови

Бошковски може доживотно да остане во затвор


Јавното обвинителство денеска го достави до Основниот суд 1 во Скопје обвинението против Љубе Бошкоски за вмешаност во убиството на Марјан Тушевски и Кире Јанев во 2001 година. Бошкоски според обвинението не е меѓу првообвинетите и се товари за помагање на кривичното дело убиство, но според законот, како што брифираат од Основниот суд Скопје 1 за новинската агенција Макфакс, помагателите ќе се казнат исто како сторителите или поблаго со што се соочува со можна казна од 10 години до доживотен затвор.

Според обвинението, Бошкоски се наведува како помагател во убиството, односно дека знаел кој го извршил убиство на Тушевски и Јанев на 10-ти јули 2001-та година, но не презел ништо за убијците да бидат изнесени пред лицето на правдата.
Kако првообвинети се наведени тројца Срби.
Бошкоски одлежува затворска казна поради незаконско финансирање на предизборната кампања на неговата партија.
XS
SM
MD
LG