Достапни линкови

Скопјани најмногу заработуваат, пријавил проход од 2,5 милиони евра


Скопјанец лани заработил 2,5 милиони евра, што е највисок регистриран приход во државава, соопшти денеска директорот на Управата за јавни приходи Горан Трајковски. На листата на најбогати се уште четворица негови сограѓани кои заработиле по 1,6 милиони евра. Десетте највисоки годишни приходи се регистрирани во Скопје, а највисоки плати имаат вработените во фармацевската индустрија, банкарскиот и телекомуникацискиот сектор како и во инженерството и месната индустрија.
XS
SM
MD
LG