Достапни линкови

Ставрески: Со заемот од Светска банка остануваме ниско задолжена земја


Буџетот и буџетските потреби, како и исплата на обврските за наредната година се целосно обезбедени со најавените средства од Светската банка и други кредитори изјави денеска вицепремиерот Зоран Ставрески. Тој додаде дека со новото задолжување Македонија ќе остане и натаму ниско задолжена земја. Ставрески изјави дека владата со Светската банка договорила два аранжманa, едниот од 50 милиони долари е наменет за реформи кои се однесуваат на конкурентноста на македонската економија а вториот аранжаман е гаранција на Светска банка за економските политики што ги води земјава кој ќе биде од 200 до 250 милиони долари.
XS
SM
MD
LG