Достапни линкови

Брахими: Конфликтот во Сирија може да го „запали“ регионот


Меѓународниот специјален мировен претставник во Сирија Лакдар Брахими изјави дека 19 месечниот конфликт во Сирија може да го „запали “ целиот регион.
Тој во Бејрут изјави дека сириската криза е многу тежок процес за решавање, но има „микроскопска шанса “ да се дојде до примирје кое може да донесе конечен прекин на огнот. Тој додаде дека може да го посети Дамаск но не кажа кога ќе го направи тоа.
Шефот на истражната комисија за злоупотребата на човекови права во Сирија при Обединетите Нации Паоло Сержио Пинеиро изјави дека стравува оти стотиците странски милитанти кои дошле во Сирија не се борат за „изградба на демократска држава“ туку за „ нивни радикални интереси“. Членови на комисијата укажуваат дека во Сирија се пристигнати странски борци од 11 земји од кои дел од нив и од соседите на Сирија.
XS
SM
MD
LG