Достапни линкови

Иванишвили и официјално е премиер на Грузија


Грузискиот претседател Михаил Саакашвили денеска му го даде мандаот на неговиот ривал Бидзина Иванишвили за состав на нова влада. Милјардерот Иванишвили и неговата коалиција „Грузиски сон “ победија на парламентарните избори во Грузија кои се оддржа на 1-ви октомври. Владиниот портпарол соопшти дека Иванишвили во наредните 10 дена ќе ја состави новата влада и ќе ги соопшти имињата на членовите на неговиот кабинет. До сега е познато дека за вицепремиер ќе биде именуван поранешната фудбалска ѕвезда Кака Каладѕе.
XS
SM
MD
LG