Достапни линкови

Ердоган со предлог за трипартитни разговори за Сирија


Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган му предложил на иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад одржување на тристрани разговори по прашањето за сириската криза. Претходно ваква слична група беше формирана по иницијатива на Египет, а во неа беше и Саудиска Арабија.
Ердоган изјави дека во игра се неколку варијанти на разговори од кои во тројката може да учествуваат Турција-Египет-Иран или наместо Египет тоа да биде Русија или Саудиска Арабија.
Ердоган вчера изрази поддршка за напорите на меѓународниот посредник за Сирија Лахдар Брахими да обезбеди прекин на огнот во оваа земја по крвопролевањата, кои траат веќе 19 месеци
XS
SM
MD
LG