Достапни линкови

Контроверзното видео за Тимошенко ќе се истражува


Украинската државна управа за казни соопшти дека ќе го истражи видеото кое неделава се врти на интернет на кое се гледа затвореничка која личи на поранешната премиерка Јулија Тимошенко како извршува физички вежби во болничка соба. Во понеделникот беше по деветти пат одложено сослушувањето на Тимошенко за обвинението за затајување данок, затоа што таа не се појави во судницата поради болки во грбот. Тимошенко е осудена на 7 години казна затвор поради залоупотреба на службена должност. Таа тврди дека се води полтички мотивиоран случај против неа.
XS
SM
MD
LG