Достапни линкови

logo-print

Вооружена пресметка меѓу турската војска и курдските милитанти


Најмалку тројца турски војници и тројца курдски милитанти загинаа при вооружена пресметка во југоисточна Турција. Локалните власти соопштија дека нападот бил извршен од заседа во близина на полициска станица покрај граничното тромеѓе со Иран и Ирак. Во операцијата на силите за безбедност против милитантите учествувале и хеликоптери. Турските медиуми јавуваат дека во меѓувреме курдски милитанти запалиле и автобус во округот Тунџели при што возачот и еден патник кој бил во автобусот биле ослободени и поминале без повреди. Од почетокот на битките со Курдската Работничка партија во 1984 до сега загинале околу 40 илјади луѓе.
XS
SM
MD
LG