Достапни линкови

logo-print

Коалициските превирања во сенка на интеграциите


Macedonia - Elementary school Cvetan Dimov illegally renamed in Hasan Prishtina in Cair, Skopje, Sep2012

Macedonia - Elementary school Cvetan Dimov illegally renamed in Hasan Prishtina in Cair, Skopje, Sep2012

Отворените прашања меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ не се решени, но се туркаат под тепих во име на евроинтеграциите.

Нема разрешница, ниту повеќе се тема на денот отворените прашања меѓу коалиционите партнери во власта, кои кулминираа. Од Чаир, пак, велат дека медиумите ја кренале целата прашина. Од државниот просветен инспекторат велат дека ќе ја чекаат судската разрешница на случајот откако поднесоа прекршочни пријави против основачот на училиштата, општината Чаир.
Процедурата тече понатаму. Ние сме чекале 6-7 години, па ќе почекаме уште некој ден. Бидејќи ова не е само судски процес, туку и политички, ќе чекаме да видиме како ќе се случуваат работите, но мислам дека се ќе биде во ред.

Градоначалникот Изет Меџити е недостапен за какви и да е одговори. Директорот на преименуваното училиште Рајко Жинзифов, Кадри Агуши вели дека тие се стрпливи да го дочекаат крајот на целата процедура и дека медиумите се тие кои премногу го потенцирале проблемот.

„Процедурата тече понатаму. Ние сме чекале 6-7 години, па ќе почекаме уште некој ден. Бидејќи ова не е само судски процес, туку и политички, ќе чекаме да видиме како ќе се случуваат работите, но мислам дека се ќе биде во ред“, изјави Агуши.
Проблемите во образованието, проблемите во безбедноста, во одбраната или во локалните самоуправи ќе продолжат и понатаму, можеби не истите, меѓутоа слични проблеми секогаш ќе имаме, секогаш кога ќе има потреба да се подгрее атмосферата некој може да извади слични проблеми во тие сфери.

Се уште не информираат прецизно од претседателскиот кабинет кој е исходот од истрагата која ја спроведе Генералштабот по барање на шефот на државата, а која требаше да утврди дали е злоупотребена службената положба во случајот Слупчане. Околу законот за бранителите и двете страни рекоа дека остануваат на своите позиции што го остава се уште неизвесен расплетот на состојбите во Парламентот.

Професор Никола Дујоски е на мислење дека политичките елити го дефокусираа погледот кон датумот во декември и дека основната причина зошто решија да ги смират страстите е позитивниот извештај од ЕК.

„Тоа не значи дека тие ќе се решат сами по себе, напротив тоа ќе бара уште повеќе активност и работа на вклучените, а гледам и дека нема баш некоја заинтересираност од нивна страна, но сметам дека барем до крајот на годината тензичните изјави и однесувања ќе отсуствуваат. Токму заради тоа што можеби сите очекуваат дека во декември ќе се случи нешто позитивно во однос на европските интеграции.“

Дујовски вели дека коалиционите партнери меѓу другото во моментов не гледаат ниту решение за отворените проблеми, но дека проблемите во безбедноста, одбраната и образованието и натаму ќе бидат области во кои ќе можат да се продуцират проблеми за дневнополитички потреби.

„Проблемите во образованието, проблемите во безбедноста, во одбраната или во локалните самоуправи ќе продолжат и понатаму, можеби не истите, меѓутоа слични проблеми секогаш ќе имаме, секогаш кога ќе има потреба да се подгрее атмосферата некој може да извади слични проблеми во тие сфери“, додава Дујоски.
XS
SM
MD
LG