Достапни линкови

logo-print

На 29-ти Октомври Законот за бранители по скратена постапка


На дневниот ред на седницата на Собранието на Македонија, закажана за 29-ти овој месец, е ставен предлог законот за бранителите, во скратена постапка, поднесен од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, која ќе обара и ограничување на дискусиите по овој закон. Коалициониот партнер на ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ остро се противи на донесувањето на Законот за бранители, бидејки не ги опфаќа и припадниците на поранешната ОНА, а лидерот Али АХмети најави дека ќе го спречат донесувањето со сите расположливи демократски средства. ДУИ најави поднесување на илјадници амандмани.
XS
SM
MD
LG