Достапни линкови

Кривична постапка против неколкумина опозиционери во Русија


Рускиот истражен комитет соопшти денеска дека е покрената кривична постапка против лидерот на опозициониот левичарски фронт, Сергеј Удалтсов и неколкумина други опозиционери. Случајот бил поврзан со документарниот филм наречен ,,Анатомија на протест два,, и подготовките за масовни протести. Истражните органи вршеле претреси во становите на обвинетите опозиционери. Руската телевизија НТВ емитуваше филм во кој Удалтсов е осомничен дека се среќава со официјални претставници на Грузија и со нив планира протести во Москва. Удалтсов ги демантира ваквите тврдења.
XS
SM
MD
LG