Достапни линкови

Втора ТВ дебата Обама- Ромни


Американскиот претседател Барак Обама и неговиот предизвикувач, републиканецот Мит Ромни се судрија околу начините за поттикнување на економскиот раст и за американската политика на Блискиот Исток, за време на нивната втора ТВ дебата.
Во синоќешниот дуел во Хемпстед, во сојузната држава Њујорк, Обама рече дека чувствува одговорност за нападот во Бенгази од 11 септември, кога загинаа 4 Американци, меѓу кои и амбасадорот во Либија.
Ромни неколку пати го критикуваше Обама за безбедносни пропусти, како и за слабоста на неговата надворешната политика. Во дебатата, Ромни исто така упати критики за економската политика на претседателот, додавајќи оти сега се вработени помалку Американци отколку пред 4 години, кога тој дојде на власт.
Американците ќе избираат меѓу Обама и Ромни за три недели, на 6 ноември. Последните анкети покажуваат дека двајцата имаат речиси иста поддршка од испитаниците.
XS
SM
MD
LG