Достапни линкови

logo-print

ОН: исламски милитанти ќе го радикализираат сирискиот конфликт


Членовите на комисија на ОН сметаат дека странските исламски милитанти кои се приклучија на борбите во Сирија се закануваат оти ќе го радикализираат 19-месечниот конфликт. Пауло Сержо Пињеиро, претседател на комисијата која го истражува кршењето на правата во Сирија, изјави дека постојат страхувања оти стотиците странски милитанти кои дојдоа во земјата не се борат за градење на демократска држава, туку за нивни радикални цели.
Според членови на комисијата, во Сирија има странски борци од 11 земји, меѓу кои и од соседните држави.
Комисијата тврди дека прекршувањето на човековите права од двете страни ескалирало во последните месеци, иако владините сили се одговорни за посериозни и помасовни насилства.
XS
SM
MD
LG