Достапни линкови

Престрелки на границата меѓу Индија и Пакистан


Индиската армија ги обвини пакистанските војници дека отвориле оган од тешко оружје преку спорната граница во областа Кашмир, при што загинале тројца цивили. Претставник на индиската војска изјави дека пакистански минофрлачи погодиле куќа во близина на границата и убиле еден возрасен и двајца тинејџери.
Пакистанската армија потврди дека нејзините сили отвориле оган, но оти тоа било одговор на претходното „непредизвикано“ пукање на индиските сили врз пакистански позиции.
Во последните две недели во оваа област се регистрирани спорадични погранични престрелки.
Две од трите војни меѓу Индија и Пакистан се водеа поради поделениот Кашмир, за кој двете земји сметаат дека е нивна област.
XS
SM
MD
LG