Достапни линкови

Протест во Букурешт против лидерите на Европската народна партија


Ангела Меркел и Жозе Мануел Баросо

Ангела Меркел и Жозе Мануел Баросо

Синоќа во Букурешт беа одржани демонстрации за време на вечерата на лидерите на десничарската Европска народна партија. Повод за протестите е поддршката на Европската комисија и на германската канцеларка Ангела Меркел за романскиот претседател Трајан Басеску.
Претседателите на Европската комисија Жозе Мануел Баросо, на Европскиот совет Херман ван Ромпуј и на Европската народна партија Вилфрид Мартенс, како и Меркел и други премиери на европски држави во кои на власт е десницата, се наоѓаат во Букурешт каде што денеска почнува конгресот на европските народни партии.
XS
SM
MD
LG