Достапни линкови

ЕБРД: песимистичка економска перспектива на балканските земји


Питер Сенфи

Питер Сенфи

Проценката за економската перспектива на земјите од Балканот, според извештаите за годинава, е песимиситичка и во споредба со јуни нивните економии одат надолу или стагнираат, изјави синоќа во Белград претставникот на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) Питер Сенфи. Во Србија, на пример, до крајот на годинава се предвидува рецесија од 1 процент, а во Хрватска и до 2 насто, рече Сенфи на отворањето на третата Меѓународна конференција за прехранбена индустрија, на која учествуваат 150 највлијателни луѓе од таа област во регионот.
Сметаме дека во 2013 година ќе биде остварен умерен раст, истакна Сенфи, додавајќи оти ЕБРД наскоро ќе претстави извештај за тоа.
XS
SM
MD
LG