Достапни линкови

logo-print

Македонија-Србија 1:0


Македонската фудбалска репрезентација ја забележа првата победа во квалификациите за Светското Првенство што ќе се одржи 2014 во Бразил, откако синоќа во Скопје пред 20.000 гледачи ја совлада Србија со 1:0. Голот го постигна Агим Ибраими во 59-тата минута од пенал. Прекршокот за најстрога казна го скриви Томовиќ, кој за тоа доби црвен картон.
Македонија со оваа победа има 4 бода и се израмни со Србија на табелата на А групата. На врвот се Белгија и Хрватска со по 10 бода, кои ги совладаа Шкотска и Велс со по 2:0.
Головите за Хрватска ги постигнаа Манџукиќ и Едуардо, а стрелци за Белгија беа Бентеке и Компани.
XS
SM
MD
LG