Достапни линкови

Последниот воз за македонската фудбалска репрезенација за Бразил


Реконстриурана и без својот најдобар играч Горан Пандев, македонската фудбалска репрезентација вечерва во 20.30 часот ќе го игра четвртиот квалификациски меч за пласман на Светското првенство во Бразил во 2014 година против Србија. Двете репрезентации претрпеа порази на домашен терен во претходното коло, Македонија загуби од Хрватска, а Србите доживеаја дебакл од Белгија. Со победа Македонија има шанса за да в лезе во првите три места во А квалификациска група за Светското првенство, но доколку македонската фудбалска репрезентација на натпреварот со Србија изгуби ќе се бори за четврто и петто место, односно, да го избегне дното на групата.
XS
SM
MD
LG