Достапни линкови

Папуљас: Богати Грци го купија пола Лондон


Грчкиот претседател Каролос Папуљас изрази незадоволство поради затајувањето данок и префрлањето на капиталот во странство во услови кога Грција ја преживува најтешката криза во својата историја. Toj на средба со раководството на Генералната конфедерација на грчките работници истакна дека недозволено е едни да избегнуваат даноци, а други да ги плаќаат, при тоа префрлајќи го товарот врз работниците. Тој изјави дека во Грција има и господа кои ги изнесоа парите и го купија половина Лондон.
XS
SM
MD
LG