Достапни линкови

Орав: Сега на ред е имплементацијата


Евроамбасадорот Аиво Орав во денешното излагање пред членовите на Националниот совет за евроинтеграции и Комисијата за европски прашања изјави дека завршените задачи во извештајот се пофалени но има области на кои треба и понатаму да се работи. Тој смета дека предизвиците најмногу се однесуваат на имплементацијата, a најважниот збор во овој извештај е „сепак“, со кој се означени предизвиците кои треба да се надминат. Пратениците од владечката коалиција сметат дека Македонија добила најпозитивен па и надобар извештај од сите други во регионот. Додека пак од опозицијата смета дека секој што тврди дека тој е најпозитивниот досега „не живее во РМ, туку во светот на бајките“. Тие барат од премиерот да каже како ќе одговори на барањето на ЕК во „раната фаза“ на преговорите да го реши спорот со Грција.
XS
SM
MD
LG