Достапни линкови

logo-print

Малала ќе добие медал за храброст


Пакистанските власти ќе и доделат медал за храброст на 14-годишната Малала Јусуфзаи, активистката која беше застрелана минатата недела поради нејзиниот блог на кој пишувала за злосторствата на Талибанците и правото на девојчињата да се образуваат. Пакистанскиот министер за внатрешни работи Рехман Малик за СНН изјави дека ќе биде доделена награда од милион долари за главата на оној што е одговорен за нападот. Таа беше префрлена од пакистанска болница во Британија поради посебното лекување кое и е потребно и за да и се овозможи целосна заштита по заканите за напади од страна на исламистичките милитанти.
XS
SM
MD
LG