Достапни линкови

logo-print

Битолските борци предупредуваат на неоврховизам и фашизам во градот


Постери во Битола во чест на Владо Черноземски.

Постери во Битола во чест на Владо Черноземски.

Во Битола во неколку наврати беа лепени плакати со пароли кои го величат делото на Тодор Александров, Ванчо Михајлов и Владо Черноземски.

За само неколку месеци во Битола во неколку наврати беа лепени плакати со пароли кои го величат делото на Тодор Александров, Ванчо Михајлов и Владо Черноземски. Плакатите се лепат навечер, никој не знае кој го прави тоа, но ги избира местата со најголема фреквенција на движење и посетеност, како Широк Сокак, споменикот на Филип Втори и други.
Се величи Тодор Александров, Ванчо Михајлов, Черноземски. Треба да знае македонскиот народ дека тие беа терористи, убијци на македонскиот народ. Иако беа по потекло од Македонија, по Илинденското востание станаа најобични терористи, луѓе кои ги убија прогресивните дејци на македонскиот народ.

Ваквата постапка предизвика револт и реакција на Сојузот на борци од Битола. Претседателот Александар Трајковски стравува дека со ова повампирува врховизмот и фашизмот во Битола.
Графит „Тодор Александров - твоите дела живеат“ во Битола.

Графит „Тодор Александров - твоите дела живеат“ во Битола.


„За жал, чувствуваме повампирување. Во градот има летоци во кои се величи Тодор Александров, Ванчо Михајлов, Черноземски. Треба да знае македонскиот народ дека тие беа терористи, убијци на македонскиот народ. Иако беа по потекло од Македонија, по Илинденското востание станаа најобични терористи, луѓе кои ги убија прогресивните дејци на македонскиот народ. Ова е голема трагедија за македонскиот народ“, вели Трајковски.

Од Сојузот на борци бараат соодветна акција од надлежните органи.

„Полицијата има надлежност над ова и треба да ги пронајде лицата што ги лепат летоците зашто тие се вперени против македонскиот народ, нација и се она што е сврзано со борбата на македонскиот народ“, додава Трајковски.

Битолскиот доктор по историски науки Александар Литовски посочува дека се работи за многу контроверзни личности. За Тодор Александров вели дека бил нарачател на убиството на големиот македонски револуционерен деец Ѓорче Петров. За Владо Черноземски вели дека по инструкции на тајните служби на Хитлер го убил српскиот крал Александар Караѓорѓевиќ, но, претходно извршувајќи нарачки од Тодор Александров и Ванчо Михајлов ги убил блискиот соработник на Гоце Делчев, македонскиот публицист и борец Димо Хаџидимов, како и илинденскиот револуционер Наум Томалевски.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG