Достапни линкови

Тадиќ и Јосиповиќ ќе добијат медали за толеранција


Актуелниот хрватски претседател Иво Јосиповиќ и поранешниот шеф на српската држава Борис Тадиќ вечерва во Европскиот парламент во Брисел ќе бидат одликувани со медали за толеранција за 2011 година.
Во образложението на наградата се вели дека „европските медали ќе им бидат доделени поради нивната промоција на вистината, толеранцијата и помирувањето, како и поради јавното признание и изразување жалење поради страдањата што произлегле од делата што ги извршле државјани на нивните земји“.
Европарламентот посочува и дека историските посети и изјави на двајцата лидери го засилиле темелот за развој на културата на толеранцијата во Југоисточна Европа, како темел за понатамошната демократизација и помирување.
XS
SM
MD
LG