Достапни линкови

Путин бара максимални резултати од безбедносните агенции


Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека безбедносните сили при нивните операци во изминативе неколку месеци убиле 313 „терористи“ кои при судир одбиле да се предадат, вклучувајќи и 43 лидери на терористички групи.
Тој додаде дека 479 „бандити“ се приведени за време на тие операции.
Путин во својот говор на состанокот со шефовите на безбедносните агенции изјави дека тие годинава покажале подобри резултати од изминатите години, но додаде дека треба повеќе да внимаваат на цивилните жртви.
XS
SM
MD
LG