Достапни линкови

Кацин: Влезот на Хрватска во ЕУ може да биде одложен


Известувачот на Европскиот парламент Јелко Кацин изјави дека влезот на Хрватска во ЕУ, кој е планиран за 1 јули 2013 година, би можел да биде одложен за до крајот на следната година а можно е и за подоцна. Кацин додаде дека поради приближувањето на Хрватска кон ЕУ на 1 јануари 2013 година на сила ќе стапи поинаков трговски режим, што посебно ќе се однесува на БиХ.
Претседателот на Долниот дом на германскиот Бундестаг Норберт Ламерт изјави дека Хрватска не е подготвена да се приклучи во ЕУ и дека политиката на проширување треба да биде одложена поради досегашните лоши искуства со членството на Бугарија и Романија. Портпаролот на германската Влада Стефан Саиберт изрази уверување дека Хрватска ќе влезе во ЕУ како што е и планирано.
XS
SM
MD
LG