Достапни линкови

logo-print

Привремено прекинати преговорите на „тројката“ со Грција


Претставниците на Меѓународниот монетарен фонд, Европската Централна банка и Европската Комисија денеска ги прекинаа преговорите со грчката Влада за мерките за штедење. Шефот на преговарачите од „тројката “ Пол Томсен по средбата со грчкиот министерот за труд изјави дека разговорите за реформите во јавниот сектор ќе мора да бидат одложени за подоцна бидејќи морал да ја информира директорката на ММФ за досегашниот тек на преговорите. Новинската агенција МИА јавува дека состанокот бил прекинат откако „тројката“ не успеала да постигне договор со министерот за промените во структурата за платите, пензиите и отпремнината во јавниот сектор.
XS
SM
MD
LG