Достапни линкови

Карзаи побара помош за справување со тероризмот


Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи денеска на Самитот на Организацијата за економска соработка побара од своите колеги помош во борбата со тероризмот. Тој побара од нив да преземат мерки за превенција од трговија со оружје во регионот и останати материјали кои што би им биле од помош на тероричките групи како Ал Каеда, Исламското движење од Узбекистан и другите терористички организации кои делуваат во Авганистан. Пакистанскиот претседател во неговиот говор го спомна случајот со обид на убиство на 14 годишната Малала Јусуфзаи и за правото на девојчињата да се образуваат. Турксиот премиер Реџеп Таип Ердоган, домаќинот Илам Алиев и таџикистанскиот преседател Емомали Рахмон повикаа на поголема регионална соработка за енергетските проекти.
Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџат препорача да истата организација отвори и посебен политички форум.
XS
SM
MD
LG