Достапни линкови

Уапсени се 7 луѓе во британската болница каде што се лекува Малала


Во британската болница каде што се лекува пакистанското девојче Малала Јусуфзаи се уапсени седум луѓе. Директорот на болницата соопшти дека во болницата се појавиле голем број на луѓе кои тврделе дека и се роднини на Малала и полицијата ги уапсила. 14-годишното девојче минатата недела беше рането при напад на Талибанци. Таа беше префрлена од пакистанска болница во Британија поради посебното лекување кое и е потребно и за да и се овозможи целосна заштита по заканите за напади од страна на исламистичките милитанти. Јусуфзаи беше нападната поради нејзиното пишување на блог за злосторставата на Талибанците. Пакистанскиот министер за внатрешни работи Рехман Малик за СНН изјави дека ќе биде доделена награда од милион долари за главата на оној што е одговорен за нападот.
XS
SM
MD
LG