Достапни линкови

Фајон: Укинувањето на безвизниот режим е удар за Европската визија


Словенечката европратеничка Тања Фајон денеска објави дека со голема загриженост ги следи неодамнешните изјави и барања на неколку претставници на земји членки на Европската унија за повторно воведување на визи за граѓаните на Западен Балкан. Таа изјави дека тоа ќе претставува голем чекор назад во реинтеграција на земјите пристапнички и голем удар за Европската визија за граѓаните на Западен Балкан. Фајон додаде дека во Европскиот парламент постои притисок за донесување на заштитна клаузула, односно механизмот на суспензија, со кој откако ќе биде усвоен, земјите членки ќе имаат правна основа за привремено суспендирање на визниот режим за земјите од кои доаѓаат лажните азиланти.
XS
SM
MD
LG