Достапни линкови

logo-print

Белорусија ќе и ги продаде рафинериите на Русија


Белорускиот претседател Александар Лукашенко денеска изјави дека неговата земја е подготвена да и ги продаде на Русија нафтените рафинерии, но во замена за учество во руските проекти за природен гас. Белорусија има две нафетни рафинерии за кои се заинтересирани руски компании.
Лукашенко изјави дека договор може да биде постигнат, но Белорусија сака за возврат да добие пониска цена на гас, и попуст на нафтата произведена во белоруските рафинерии кои би ги поседувала Русија. Тој односите меѓу двете земји ги опиша како пример за интеграција.
XS
SM
MD
LG