Достапни линкови

Иран: санкциите на ЕУ нехумани


иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад

иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад

Иранското министерство за надворешни работи денеска соопшти дека новите финансиски и трговски санкции што Европската унија ги воведе против Техеран, се илегални, ирационални и нехумани. Според министерството, вистинската причина за воведување на овие санкции била независноста на Иран. Европската унија вчера значајно ги заостри санкциите против Иран поради спорната нуклеарна програма. Од јули годинава во сила е и нафтеното ембарго спрема Иран.
XS
SM
MD
LG