Достапни линкови

Кубанците само со пасош во странство


Кубанскиот претседател Раул Кастро

Кубанскиот претседател Раул Кастро

Министерството за надворешни работи на Куба соопшти дека ги укинува дозволите кои беа неопходни за патување во странство. Министерството прецизира дека овој потег стапува во сила на 14 јануари идната година и оти од тогаш на граѓаните ќе им треба само важечки пасош. Кубанските граѓани мораа да минат низ напорен и скап процес за да добија виза за заминување во странство. Оваа одлука е најнова во серијата реформи на претседателот Раул Кастро.
XS
SM
MD
LG