Достапни линкови

Обама го возвраќа ударот


Американскиот претседател Барак Обама и неговиот републикански ривал Мит Ромни, вечерва ќе ја одржат нивната втора директна дебата. До неа доаѓа на три недели пред претседателските избори на 6 ноември.

Барак Обама и Мит Ромни во Универзитетот Хофстра во Хемпстед, Њујорк, имаат 90 минути да одговорат на прашања на обични луѓе.

Прашањата кои претходно се селектирани од водителот ќе се однесуваат и на внатрешната и на надворешната политика. Се очекува дебатата да ја следат неколку милиони Американци.

Во првиот нивен дуел кој се одржа на 4 овој месец, според оценките, претседателот Барак Обама не се претставил во најдобро светло.

За разлика од него, токму оваа дебата, на Ромни му донесе скок на рејтингот.

Последните испитувања на јавното мислење сугерираат дека Обама и Ромни во борбата за поддршка од гласачите се во, како што се нарекува „статистичка мртва трка“, или со други зборови крајно израмнета.
Претседателот Обама повеќе треба да изгледа како заинтересиран кандидат, отколку како професор. Тој мора да има јасна стратегија и порака за она што ќе направи, например за нови работни места, а во оваа дебата, бидејќи станува збор за прашања од публиката, тој мора директно да покаже кои се разликите меѓу неговата и позицијата на Ромни.

Последната дебата меѓу нив е планирана за 22 октомври.

Џејмс Тарбер, кој раководи со Центарот за конгресни и претседателски студии на Американскиот Универзитет вели дека на Обама му е неопходен енергичен настап за да ја врати динамиката на неговата кампања.

„Претседателот Обама повеќе треба да изгледа како заинтересиран кандидат, отколку како професор. Тој мора да има јасна стратегија и порака за она што ќе направи, например за нови работни места, а во оваа дебата, бидејќи станува збор за прашања од публиката, тој мора директно да покаже кои се разликите меѓу неговата и позицијата на Ромни.“

Последните четири денови Обама ги мина во Вирџинија, подготвувајќи се за дебатата со неговите советници, кои веќе најавија дека тој имал намера да биде посилен од она што бил во првиот телевизиски дуел со Ромни.

Самиот Обама деновиве на репортерите им изјавил дека подготовките за тоа се одвивале одлично.

Експертите велат дека вечерашниот формат на дебатата повеќе му одговора на Обама, кој има големо искуство за вакви неформални собири, отколку на Ромни, кој не бил многу снаодлив во комуницирање со публиката.

Тарбер вели дека Обама веќе покажал оти е добар во одговарање на прашања од обичните граѓани кои имаат проблеми со здравствени трошоци, вработување или хипотеки.

„Мислам дека претседателот ќе го притисне гувернерот Ромни за повеќе негови изјави од последната дебата и особено за онаа од кампањата за 47 насто од Американците кои се зависни од помошта на владата.“

И покрај ваквата негова изјава, анкетите покажуваат дека Ромни успева во убедувањето на гласачите дека дошло време за промени.

Впрочем неговата најповторувана изјава е: „Не можеме да си дозволиме други четири години, како овие што изминаа“.

Некои анкети, специјално правени за Демократската партија, откриле дека извесен број гласачи за време на првата дебата изразиле скептичност кога Обама говорел за она што го постигнал во последниве четири години.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG