Достапни линкови

Почнува судењето на екс лидерот на хрватските срби Горан Хаџиќ


Горан Хаџиќ

Горан Хаџиќ

Денеска во Хашкиот трибунал, со воведно обраќање на Обвинителството, почнува судењето на лидерот на хрватските Срби Горан Хаџиќ. Тој е обвинет за злосторства против човештвото во Хрватска од јуни 1991 до декември 1993 година. Тој беше уапсен во минатата година, а при првото појавување пред Хашкиот трибунал се изјасни дека не бил виновен ниту по една точка од обвинението. Тоа е последно судење во Хаг, каде што во тек се уште две важни судења: против Радован Караџиќ и против Ратко Младиќ кои, меѓу другото, се товарат и за геноцид за време на војната во Босна и Херцеговина.
XS
SM
MD
LG